Полициска екипа најдобра на шаховски турнир

04.02.2014 13:33 | KumanovoNews

Екипата на СВР Куманово победи на шаховскиот турнир што го организираше Здружението на армиски и полициски ветерани, по повод 70 години од смртта на херојот Х.Т.Карпош.

Полициска екипа најдобра на шаховски турнир

Како победници можеме да кажеме дека играта беше фер, а сите учесници беа натпреварувачки расположени. Можеби малку и среќата не послужи. Со ветераните битката беше тесна, тие лани беа први , а ние годинава - вели Сашо Манасиевски, главен инспектор во СВР Куманово.

Турнирот е традиционален, а на него денеска учествуваа пет екипи и тоа од СВР Куманово, АРМ, Црвен Крст, пензионери и армиски и полициски ветерани.

 Сите заедно сакаме да чувствуваме еден победнички дух и тоа натаму да не води за просперитет посебно на младите луѓе. Борба ни е младите да одат напред. Важно ни е што почесто, најмалку 3 пати годишно да правиме турнири - рече Бошко Ристов, потпретседател на Здружение на армиски и полициски ветерани.

Турнирот се организира 4 - та година по ред, односно од самото формирање на Здружението на армиски и полициски ветерани.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk