Полициската станица под силно полициско обезбедување

15.05.2015 07:02 | KumanovoNews

 Зградата на Полициската станица во Куманово и центарот на градот  од ноќеска е под силно полициско обезбедување.

Полициската станица под силно полициско обезбедување

Улиците “Тодор Велков“ и “11 Октомври„ се блокирани и не е дозволено движење на возилата. И покрај Градската џамијата има зголемено присуство на полиција. Граѓаните љубопитно ја набљудуваат состојбата, но не знаат што точно се случило. Од МВР не дадоа одговор зошто е зголемено полициското присуство во Куманово и велат дека повеќе информации ќе има во текот на денот. Полицијата не дозволува фотографирање на наведените улици.

Вработените во сите јавни институции во градот, Општината, Основниот суд и Поштата се на своите работни места.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk