Полициски час од 23, кафеаните ќе работат до 22.30 часот, одлучи Владата

04.05.2021 19:42 | KumanovoNews

Од утре, среда, забраната за движење ќе започнува од 23 часот и ќе трае до 5 часот наредниот ден, одлучи Владата на денешната седница.

Полициски час од 23, кафеаните ќе работат до 22.30 часот, одлучи Владата

Соодветно на овие измени угостителските објекти ќе бидат отворени за гости до 22.30 часот и тоа само на отворените делови, тераси, на угостителските објекти, како што е утврдено со постојните мерки и наменски протоколи.

 „Комисијата за заразни болести дополнително предложи, а Владата на седницата прифати воведување мерка за задолжителна самоизолација (карантин) во траење од 14 дена за сите домашни и странски физички лица – патници кои пристигнуваат од Индија и Бразил заради спречување на ширење на новите соеви SARS-CoV-2“, велат од Владата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk