Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Комисијата за заразни болести на денешниот состанок предлага да останат на сила веќе постоечките рестриктивни мерки – забрана за движење од полноќ до 4 часот наутро и работа на угостителските објекти до 23.30 часот.
Предлогот за олабавување на мерките беше даден минатиот понеделник врз основа на епидемиолошката состојба, односно намалениот број на нови случаи на Ковид-19 и ослободување на поголем дел од болничките капацитети.
Министерот за здравство Венко Филипче на 14 мај изјави дека рестриктивните мерки треба да бидат на сила најмалку уште една недела, но дека барањата на угостителите за живи свирки и за свадби дополнително ќе се разгледаат. Тој додаде и дека останува на ставот за носење маски на отворено уште некој период, односно додека не се имунизира поголем дел од населението.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk