Полицискиот час за викенд да биде од 19 до 5 часот, побара Филипче

08.05.2020 13:52 | KumanovoNews

Комисијата за заразни болести предложиле до Владата полицискиот час за време на викенд да биде од 19 до 5 часот наредниот ден.

Полицискиот час за викенд да биде од 19 до 5 часот, побара Филипче

„Утрово имавме состанок на Комисијата за заразни болести и во однос на дел од дискусиите предложивме полицискиот час за викенд да почнува од 19 часот и таквиот предлог е предаден до Владата, кој има седница во попладнево“,  изјави министерот за здравство, Венко Филипче на прес-конференција.

Во однос на олабавувањето на мерките Филипе појасни дека останува да ја следат состојбата, па потоа да се даде предлог до Владата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk