Полициско возило удрило седумгодишно дете

26.06.2018 13:24 | KumanovoNews

 Седумгодишно дете се здобило со сериозни повреди и пренесено е на лекување на скопските клиники, откако утринава во него удрило полициско возило.

Полициско возило удрило седумгодишно дете

Според МВР, сообраќајната несреќа се случила во 9.50 часот, на улицата  „11 Октомври“  во близина на Градската џамија, кога патничко возило „Фиат Линеа“, сопственост на МВР, управувано од П.С.(44), вработен во МВР и удрилo во момчето.

По несреќата детето било пренесено во болницата во Куманово, а по извршен лекарски преглед, му биле констатирани тешки телесни повреди, по што бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Во врска со настанот, Јавен обвинител и СВР Куманово презема мерки за утврдување на околностите и расчистување на случајот.

Исто така, за настанот е информиран и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.



Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk