Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Близу 50 отсто од граѓаните на Куманово користат сигурносни појаси додека се возат, а останатите ја немаат таа навика, покажало истражувањето на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот.
Истражувањето е направено во изминатите два месеци со цел да се види колку граѓаните ги почитуваат сообраќајните правила и прописи при користењето на автомобилите.
“При првото истражување на 28 октомври е утврдено дека од проверените граѓани во Куманово, 46 отсто користеле појаси. Второто истражување е направено по месец дена и тогаш имало подобрување, односно 47 отсто имале ставено појаси“ - велат од РСБСП.
На територија на Скопје употребата на појаси пораснала од 37 на 58 отсто. Најлоши резултати имало во општина Бутел, а во Гази Баба возачите најмногу користат сигурносни појаси.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk