Половина Куманово синоќа остана без струја

07.02.2017 10:45 | KumanovoNews

Голем дел од градот синоќа остана без електрична енергија поради дефект.

Половина Куманово синоќа остана без струја

Според информација од Центарот за управување со кризи прекинот на електрична енергија е регистриран од 19.15 часот до 02.30 часот. Без напојување со електрична енергија останало централното градско подрачје околу Хотел Куманово, кај Гимназијата, улиците Пчинска, Киро Фетак и ЈНА кај Домот на АРМ, околу Соколански Парк, трговскиот центар СУМА,  училиштето Браќа Миладиновци, Стара пошта и др.

Без струја останаа и дел од зградите на булеварот „Октомвриска револуција“.

Од ЕВН велат дека поради силниот дожд и невремето во 19.30 часот , испаднал средно напонски кабелски извод,  кој го напојува со електрична енергија централното градско подрачје. Покрај дежурната екипа биле ангажирани и дополнителни екипи кои работеле на  отстранување на дефектите. Дел од централното градско подрачје добило струја кратко по прекинот, а останатите домаќинства  помеѓу 21.30 и 22 часот.  Без струја биле и населбите Добрешане, Вера Которка и Ајдучка Чешма.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk