Полската култура одлично примена во Куманово

20.05.2010 13:07 | KumanovoNews

 Полската амбасада во Македонија во соработка со Центарот за култура „Трајко Прокопиев„синоќа организира концерт по повод 200 години од раѓањето на Фридрих Шопен.

Полската култура одлично примена во Куманово

 На концертот настапи дуото „Талија„ со Пламенка Трајковска на виолина и Билјана Петровска со пијано.

Концертот го отвори полскиот амбасадор во Р.Македонија Карол Башура, кој истакна дека му е драго што има можност дел од полската култура да ја претстави во Куманово и во Македонија.

Фридрих Шопен е прв композитор кој користел славјански фолклор во своите композиции и до ден денеска неговите мазурки и полонези се камен темелник на полската национална класична музика и чест ми е што овој ден ќе го прославам со моите драги пријатели - рече Башура.

На концертот настапија и нашите сограѓанки Ивана Кузмановска и Анастасија Грговска на пијано, а беше отворена и изложба на слики на полската музичка  култура.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk