Помали плати за штрајкувачите во судската администрација

07.07.2016 13:44 | KumanovoNews

Да се намалат платите на штрајкувачите во судската админстрација, побарал Судскиот буџетски совет.

Помали плати за штрајкувачите во судската администрација

Во сите судови пристигнало известување во кое се налага за сите вработени кои штрајкуваат за последните два месеци да добијат помала плата за 40 отсто.

„Наместо поединечни решенија како што е предвидено со законот, претседателите на судовите треба со наредба до благајната односно сметководството најдоцна до утре да изготват нова пресметка на плата и на сите вработените кои штрајкуваат да им исплатат плата во висина од 60 отсто“, - соопштуваат од Синдикатот на УЗОП.

Ова е само уште еден притисок, последен, во низата да се подели членството, - велат вработени во Кумановскиот суд.

 Вработените во судската администрација во Основниот суд Куманово го подржуваа штрајкот и велат дека ќе останат единствени се до исполнување на нивното барање за зголемување на плата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk