Помош во храна и облека за Нова година за најсиромашните семејства

03.01.2018 11:48 | KumanovoNews

Триесетина најзагрозени семејства од општините Куманово и Старо Нагоричене, добија помош за новогодишните празници од општинската организација на Црвен Крст- Куманово.

Помош во храна и облека за Нова година за најсиромашните семејства

„Во предновогодишниот период Црвен крст Куманово се погрижи во рамките на своите можности да обезбеди пакети со храна, хигиена и облека за 30 социјално најзагрозени семејства од градот и општината Старо Нагоричане“- соопштуваат од Црвен Крст Куманово.       

Од таму додаваат дека во декември обезбедиле хуманитарна помош за бебиња од храна, пелени и облека за приближно 60 семејства од населбата Средорек.

„Црвен крст Куманово ќе продолжи и во текот на 2018 година заедно со општествено одговорни граѓани и претпријатија од градот да помагаме на оние на кои помошта им е најнеопходна“- информираат од организацијата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk