Помош за семејството Маринковски за Велигден

15.04.2017 21:01 | KumanovoNews

Локалниот клуб на млади на СДСМ Куманово и Аеродром, денеска однесоа помош на шестчленото семејство Маринковски, кое живее во исклучително тешки услови во близина на Кумановската болница.

Помош за семејството Маринковски за Велигден

Организиравме хуманитарна акција за семејствотото Маринковски по повод утрешниот христијански празник Велигден. Со оваа акција сакаме да создадеме услови на семејството за празнување на утрешниот ден, Христовото Воскресение. Како и до сега, и во иднина СДММ ќе продолжи со ваквите акции со надеж дека бројот на ваквите семејства во иднина ќе биде значително намален. Воедно ја користам оваа прилика во името на СДММ да им го честитам празникот на сите христијани,- изјави Мартин Захариев портпарол на ЛК СДММ Куманово .

Помошта се состои во прехрамбени производи и парични средства.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk