Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Седумчленото семејство Хелдовиќ од населбата „Средорек“, кое остана на улица, откако во голем пожар им изгоре дел од куќата, денеска доби хуманирна помош од здружението „Крепост“.
Дониравме пакет производи во храна и други потребни средства. Упатуваме апел до сите хумани граѓани на Куманово и поголеми фирми да им излеземе во пресрет на семјството за да го обноват својот дом. Загубата е ненадоместлива, некои спомени никогаш не може да ги вратат, но да помогнеме да застанат на свои нозе и да продолжат да живеат,- изјави Христијан Георгиевски, претседател на „Крепост“.
Пожарот избувнал вчера во 6 часот наутро, додека сите членови на семејството спиеле.Во собата каде што биле децата се запалила кварцната печка. Огнот ја зафатил постелина, па го разбудил најстариот син. Веднаш побарале помош од соседите, а стигнала и противпожарната единица. Набрзо огнот бил локализиран да не се прошири на другата соба и на соседните куќи.
-На малата ќерка огнот и ја зафатил косата, но среќа успејавме да ја изгаснеме. Сега децата се кај мајка ми овде нема услови да останат. Немаме ништо, се е уништено. Целата покуќнина од кујната, телевизор, машина за алишта...Ништо не ни остана, - вели таткото Суад.
Тој се заблагодари на организаторите на денешната донација, но ги повика хуманите граѓани да му помогнат да го поправи домот. Суад е невработен и семејството живее од 3000 денари социјална помош, но бара работа и апелира доколку некоја фирма има потреба да го ангажира, за да ги прехрани 6. деца.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk