Помош за завеаните села

20.02.2012 15:35 | KumanovoNews

 Скопската Општина Илинден обезбеди помош за семејствата во завеаните планински села во Општината Старо Нагоричане.

Помош за завеаните села

Градоначалникот Жика Стојановски вчера донесе 2,5 тони брашно, сточна храна, зејтин, шеќер, кафе и други намирници за жителите во селата Малотино и Мгленце.

Општината Илинден е голем пријател на нашата Општина, и по иницијатива на мојот колега Стојановски е спроведена оваа акција. Тој во соработка со фирмите во неговата Општина ја обезбедил помошта, која е од непроценливо значење за жителите на овие две села, бидејќи резервите со храна им се при крај, а и храна за добитокот речиси немаат- изјави градоначалникот Миодраг Јовановиќ.

Помошта во Малотино е поделена, а  во Мгленце ќе  се дели кога ќе се пробие патот. Ова е прва помош на жителите во завејаните планински села од како фати невремето.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk