Помошник началник ја злоупотребил службата

02.03.2016 13:15 | KumanovoNews

Помошник началник на СВР Куманово заработи кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Помошник началник ја злоупотребил службата

М.Ј.(54) од Куманово во периодот од 29.12.2015 година до 25.01.2016 година и од 29.01.2016 година до 05.02.2016 година, ја злоупотребил службената положба, со тоа што откако бил разрешен од работното место Началник на СВР Куманово, не го раздолжил службеното возило „Шкода Октавија“ и истото неовластено го користел и за време на годишен одмор.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk