Понеделник неработен за Бошњаците

26.09.2015 12:16 | KumanovoNews

Понеделник 28 септември, Меѓународниот ден на Бошњаците е неработен ден за граѓаните припадници на бошњачката заедница во Република Македонија.

Понеделник неработен за Бошњаците

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека тоа е согласно со Законот за празниците на РМ.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на бошњачката  заедница во Република Македонија им го честита Меѓународниот ден на Бошњаците.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk