Попис: Од утре граѓаните на Куманово може да се попишуваат и во Техничкото училиште

27.09.2021 14:45 | Сузана Николиќ

Граѓаните на Куманово кои досега не успеале да се попишат - своето законско право ќе може да го остварат во седиштето на регионалната пописна комисија во Техничкото училиште „Наце Буѓони“. Според претседателот Александар Гелевски граѓаните од утре (28 септември) можат да ја посетат канцеларијата на државните и реонските инструктори од 8.30 до 19.30 часот.

Попис: Од утре граѓаните на Куманово може да се попишуваат и во Техничкото училиште

Според претседателот Александар Гелевски граѓаните од утре (28 септември) можат да ја посетат канцеларијата на државните и реонските инструктори од 8.30 до 19.30 часот.

„Сите кои не се попишани поради тоа што кај нив не поминал попишувач можат да дојдат да се попишат во просториите на Средното техничкото училиште, на ул. Бајрам Шабани. Со себе треба да понесат само лична карта“,  изјави Гелевски. 

Гелевски тврди дека пописот во кумановско е при крај и ќе заврши во предвидениот рок.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk