Пописот ќе трае уште осум дена - досега се попишани 1.309.840 лица и 405.266 домаќинства

23.09.2021 10:53 | Сузана Николиќ

Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021, се наближува кон крајот. Остануваат уште 8 дена и попишувачите со максимален интензитет ги посетуваат домаќинствата за никој да не биде изоставен и непопишан.

Пописот ќе трае уште осум дена - досега се попишани 1.309.840 лица и 405.266 домаќинства

„Државниот завод за статистика апелира до граѓаните за трпеливост – попишувачите се на терен и ќе го посетат секое домаќинство. Би сакале да ги потсетиме граѓаните дека треба да ги проверуваат овластувањата на попишувачите и да ги примаат само оние кои имаат овластувања од Државниот завод за статистика. Исто така, би сакале да потсетиме дека податоците од Пописот се исклучиво за статистички цели и ќе се објавуваат само агрегирано, а никако како лични податоци. Никој нема пристап до личните податоци, а целиот процес на обработка ќе биде автоматизиран и без каков било субјективизам“, соопштуваат од Државниот завод за статистика.

Вкупно 1.309.840 лица, 405.266 домаќинства и 556.415 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за статистика.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk