Попишувањето продолжува со нормален интензитет, велат од Државниот завод за статистика

11.09.2021 11:44 | Сузана Николиќ

Државниот завод за статистика ја информира јавноста дека попишувањето продолжува со нормален интензитет и темпо и го поттикнува населението со доверба да ги примат попишувачите во нивните домови и да ги дадат потребните податоци, а сè со цел успешна
реализација на овој статистички процес.

Попишувањето продолжува со нормален интензитет, велат од Државниот завод за статистика

Во последниве денови се појавија голем број шпекулации околу тоа како се спроведува попишувањето во државата и со какви проблеми се соочува Државниот завод за статистика во теренските активности.

„При спроведување на големи акции од типот на попис, со користење на високософистицирана технологија, сосема нормално е да се појавуваат технички проблеми кои се надминуваат во од, односно во најкус можен рок. Зад оваа статистичка операција стои експертски тим за поддршка кој им е постојано на располагање на попишувачите и кој во живо го следи процесот на попишување на терен и интервенира во истиот момент доколку се појави некој проблем“, соопштуваат од Државниот завод за статистика.

 

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk