Попладне дестабилизација на времето

04.08.2010 07:25 | KumanovoNews

 Променливо облачно, малку посвежо и нестабилно време со повремен дожд и грмежи ќе преовладува  од денеска попладне до петок .

Попладне дестабилизација на времето

 Локално ќе има услови за појава на невреме со пороен дожд, силен ветер и електрични празнења и појава на град, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Максималната дневна температура ќе се движи до 30 степени. UV индексот на зрачење ќе достигне 8.

Во случај на невреме се препорачува да не се престојува на отворен простор.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk