Попладне дожд од недела пораст на температурата

29.06.2018 09:48 | KumanovoNews

Во Куманово во изминатото деноноќие наврнаа 3 л/м2 дожд.

Попладне дожд од недела пораст на температурата

Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Попладне променливо облачно со локален дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб, а долж Повардарието и во западните подрачја умерен ветер од северозападен и западен правец. УВ=6

Утре ќе биде потопло, попладне ќе има локален дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, особено долж Повардарието. Од недела ќе биде посончево и топло, но во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи, главно во планинските подрачја.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk