Попладне локален пороен дожд и грмежи, утре пониски температури

05.08.2021 11:01 | Сузана Николиќ

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, претпладне со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од југозападен правец. Во попладневните и ноќните часови ќе има зголемена облачност, локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. 

Попладне локален пороен дожд и грмежи, утре пониски температури

„На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 34 до 42
степени. УВ=9

Утре претпладне ќе има локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, со пообилен пороен дожд за кратко време, силни електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град. Утре и во сабота температурите ќе опаднат за 4 до 5 степени.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk