Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Извршниот одбор на СДСМ синоќа ги утврдил кандидатите за градоначалници за претстојните локални избори, соопштија од партијата. Меѓу нив е и кандидатот за Општина Куманово.
„Утврдените кандидати како и другите одлуки од седницата на ИО ќе ги соопшти генералниот секретар и шеф на изборниот штаб Љупчо Николовски на прес конференција која ќе се одржи во седиштето на СДСМ со почеток во 16.30 часот“, најавија од СДСМ.
За тоа со кој кандидат ќе настапи СДСМ на локалните избори во Куманово е крајно неизвесно.
Во чаршијата веќе се шпекулира дека тоа ќе биде секретарот на партијата Оливер Илиевски, иако до вчера повеќе се експлоатираше името на пратеникот Мартин Костовски.
Актуелниот градоначалник Максим Димитриевски поднесе независна кандидатура, откако виде дека нема да ја добие поддршката на партијата.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk