Поплавен подрум во Сопот и двор на „Октомвриска“, повеќе села останаа без струја по синоќешното невреме

16.08.2020 11:23 | KumanovoNews

 Две пријави за поплавен објект и  двор, биле регистрирани во Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) во Куманово, по синоќешното невремето проследено со пороен дожд и грмежи.

Поплавен подрум во Сопот и двор на „Октомвриска“, повеќе села останаа без струја по синоќешното невреме

„На карактеристичниот телефонскиот број 195 околу 19 часот имавме пријава дека влегла вода во подрум во куќа во селото Сопот, поради што се бараше интервенција да се извлече водата, па ја известивме ТППЕ Куманово. Исто така жител од „Октомвриска Револуција“ пријави дека му влегло вода од улицата во дворот. Пријавивме во ЈП Водовод да се реши проблемот околу шахтите“, - соопштуваат од РЦУК.

Невремето предизвика прекин во снабдувањето со електрична енергија во селата: Драгоманце, Четирце, Никуљане и Старо Нагоричане, како и Белановце, Алешевце и Руница во Општина Липково.

Во моментот без електрична енегија се и селата Зубовце, Новоселани, Космат и Скачовце.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk