Поплавен расадникот на Шумско

19.11.2014 14:20 | KumanovoNews

 Поплавен е расадникот на Македонски шуми во населбата Бедиње, откако се излеа реката Липковка.

Поплавен расадникот на Шумско

Водата зафати над 3 хетари земјиште, од кои еден хектар се пластеници со расад. Поплавени се околу пола милион садници. Сеуште не знаеме колкава е штетата, чекаме да се повлече водата за да видиме што е уништено, а што ќе се спаси,- вели референтот Часлав Бојковски од ЈП Македонски шуми, подружница Куманово.

 Садниците биле наменети за есенското пошумување на регионот. Бојковски вели дека ова не е првпат да ги поплавува Липковка, бидејќи коритото е затрпано со ѓубре и смет што постојано го фрлаат граѓаните. Тие бараат надлежните да интервенираат навреме и да се спречат нови поплави во текот на зимата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk