Поплавени улици и куќи по поројниот дожд во Куманово

25.06.2023 08:57 | Сузана Николиќ

Поројниот дожд кој синоќа го зафати Куманово поплави улици, куќи и подруми, поради што морала да интервенира противпожарната служба и јавното претпријатие. 

Поплавени улици и куќи по поројниот дожд во Куманово

Од Регионалниот центар за управување со кризи (ЦУК) Куманово велат дека полавувањето е резултат на  неможноста атмосферската канализација да ги прифати големите количини на вода.

„Екипите од ТППЕ Куманово биле излезени на терен за испумпување на вода во куќа во с. Черкезе, додека ЈП ,,Водовод“,на ул. Никола Вапчаров каде што реката ја поплавила улицата. На ул. ,,Србо Томовиќ", бр.36 имало поплавени подрумски простори каде известуваат дека не можело да се реши веднаш случајот и треба самата вода да се повлече“, соопштува ЦУК.

(фото: архива)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk