Поплавени улиците на Куманово и по денешното невреме (видео)

16.06.2023 23:33 | Сузана Николиќ

Невреме со пороен дожд и силен ветер попладнево го зафати Куманово. 

Поплавени улиците на Куманово и по денешното невреме (видео)

Улиците во централното подрајче беа поплавени, поради тоа што во поголем дел нема атмосферска канализација, а таму каде што има шахтите не можеа да ја апсорбираа големата количина на вода. 

Силниот ветер откорна и неколку дрвја, па екипите на ЈП Чистота и зеленило интервенираа на терен.

Граѓаните на социјалните мрежи споделија снимки, и на шега Куманово го споредија со Венеција и Куманово на води.

Тие побараа општината еднаш да се зафати со решавање на овој голем проблем, и да не ги асфалтира улиците без да постави соодветна подземна инфраструктура.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk