Поплавено земјоделско земјиште, куќи и викендички во кумановско

11.01.2021 08:56 | KumanovoNews

Последните врежи од дожд, кај нас и во соседството, придонесоа да се зголеми водостојот во реките и дел од нив да се излеат од коритата.

Поплавено земјоделско земјиште, куќи и викендички во кумановско

Според раководителот на Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Горан Стојановски, од излевање на Крива река, поплавено е земјоделско земјиште, куќи и вкендички, во селата Бељаковце, Довезенце, Јачинце, Клечовце, Макреш, а од реката Пчиња земјоделско земјиште во селата Шупљи Камен, Пчиња и Студена Бара. Во кривопаланечко излеани се реките Отошница и Ветуница.

„Поплавите ги предизвикаа реките коишто доаѓаат од Србија, бидејќи таму во изминатиот период наврнаа големи количини на дожд и се прелеа кај нас. Тоа се реки кои што некаде немаат дефинирани речни корита или на одредени места имало паднати дрва или голема вегетација, кој го попречуваше движењето на водата. Од вчера наши екипа и екипи на Водостопанство се на терен, работат на расчистување на коритата и ја следат состојбата“, - вели Стојановски.

Од излевањето на Крива река кај Довезенце поплавени се две куќи и два помошни објекти, како и 8 викендички. Во Макреш водата однела макадамски пат во селото.

Реките Кумановка, Којнарка, Липковска, Слупчанка и Матејчанка, се со зголемен водостој, но нема опасност од излевање.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk