Попоски носител во втората изборна единица

18.10.2016 11:26 | KumanovoNews

 Министерот за надворешни  работи и член на ИК на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Попоски, ќе ја предводи пратенчката листа на ВМРО-ДПМНЕ во втората изборна единица.

Попоски носител во втората изборна единица

  Попоски синоќа го посетил општинскиот комитет на партијата во Куманово и им се обратил на сопартијците. 

„ВМРО – ДПМНЕ тргнува најсилно досега, со најсилен фокус на граѓаните, инвестициите, повеќе работни места и проекти во секое населено место во Република Македонија. Сметаме, дека е вистинскиот момент да заврши кризата и да се посветиме на најважната задача која претстои пред нас“, - изјавил  Попоски.

На последните неколку парламентарни избори носител на листата беше поранешната минситерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk