Поправени клупите во Соколански парк

18.12.2018 15:37 | KumanovoNews

 Од јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ информираат дека утринава ги наместиле клупите, откако предходно ги замениле искршените даски или поставиле нови.

Поправени клупите во Соколански парк

 Вкупно биле оштетени 50 клупи, од кои триесетина целосно, а останатите делумно.

По оштетувањето на клупите во Соколанскиот парк од страна на несовесни сторители, поправени се и повторно се ставени во употреба. Се надевам дека овој пат ќе успееме да ги сочувме заедно со надлежните органи и граѓаните кои што живеат во овој дел од градот, - изјави директорот Даниел Стојчевски.

Новите клупи во Соколански парк и на уште неколку локации во градот, беа оштенени од несовесни граѓани неполн месец од нивното поставување. Некој преку ноќ ги соголи клупите, ги извади даските, а остана само металната конструкција. Се претпоствуваше дека дрвениот дел е изваден поради греење.

Случајот беше пријавен во МВР, но немаме информација дали сторителите се откриени. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk