Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Дефект на пумпа за вода на алтернативните извори во населбата Проевце, попладнево ги остави без вода за пиење дел од домаќинствата во населбите Карпош, Пчински пат и Бабин Дол, кои се приклучени на цевководот за високата зона.
Како што информираат од ЈП „Водовод„, прекинот на дотур на вода настанал пред 1,5 час и нивните екипи се веќе на терен. Се очекува поправката да биде завршена за два до три часа, по што водоснабдувањето ќе се нормализира.
Од Водовод велат дека денешниот дефект нема врска со вчерашниот прекин на водоснабувањето и апелираат до граѓаните да не наседнуваат на шпекулациите за евентуална водна криза во градот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk