Поправка на столбовите за семафори во градот

03.07.2018 09:14 | KumanovoNews

Поради поправка на столбовите на кои се поставени семафорите , од денеска до четврток,  ќе бидат исклучени семафорите на три раскрсници во градот.

Поправка на столбовите за семафори во градот

„Поради реконструкција на искривени столбови за семафори, денеска ќе бидат исклучени семафорите на крстосница помеѓу ул. „III МУБ„ и ул. „Октомвриска Револуција„,  утре на крстосница помеѓу ул. “III МУБ и Ул. “Перо Чичо” и задутре на крстосница помеѓу ул. „Октомвриска Револуција„ и ул. „Ѓорче Петров“, - соопштуваат од Општината.

Според динамиката за работа прекинот на нормалниот режим на работа на семафорите ќе трае најдоцна два дена.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk