Поради дефект фонтаната „Батко Ѓорѓија“ не работи

19.05.2015 15:20 | KumanovoNews

Поради дефект на електрична инсталација, фонтаната “Батко Ѓорѓија“ на Градскиот плоштад не работи.

Поради дефект фонтаната „Батко Ѓорѓија“ не работи

Од јавното претпријатије „Водовод“ велат дека дефектот во најбрз можен рок ќе биде саниран , и фонтаната ќе проработи.

Вообичаено во овој период фонтаната би требало да работи, но сега имаме дефект и затоа е исклучена. Во меѓувреме другите фонтани во градот функционираат. На кеј една фонтана е  пуштена, една не, во Стариот градски парк една работи, една не, во Соколански парк работи фонтаната, исто и спроти плоштад, пред Центарот за култура, кај Пионерски дом  и кај основните училишта “Крсте Мисирков“ и “Браќа Миладиновци“- објаснуваат од “Водовод“.

Несовесните граѓани базенот на фонтаната “Батко Ѓорѓија“ го наполниле со отпадоци.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk