Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Повеќе од 3 часа без струја синоќа беше централното градско подрачје на Куманово, поради дефект на трафостаницата во дворот на црквата „Свети Никола“.
„Поради дефект на трафото кое се наоѓа во дворот на црквата „Св.Никола“ без напојување со електрична енергија беше центарот на градот од 18 до 21.13 часот. Екипата на ЕВН во тој период работеше на отстранување на дефектот“, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Куманово.
Предходно граѓани се јавиле во Противпожарната единица Куманово дека искри трафотостаницата, по што пристигнала и екипа ЕВН и пристапила кон поправка на дефектот.
(фото. архива)
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk