Поради магла намалена видливост на патот Куманово - Скопје

03.01.2023 08:12 | Сузана Николиќ

Видливоста на патот Куманово - Скопје намалена е од 50 до 100 метри, поради појава на магла.

Поради магла намалена видливост на патот Куманово - Скопје

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Поради појава на магла, намалена видливост има на следниве патни правци: Скопје - Куманово 50 - 100 метри, Битола - Прилеп 50 - 100 метри, Охрид - Струга 50 - 100 метри, Скопје - Велес 50 - 100 метри, Велес - Катланово 50 - 100 метри Кочани - Штип 50 - 100 метри, Тетово - Групчин 50 метри,  соопштува Авто-мото сојузот на Македонија.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.      

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk