Поради магла намалена видливост на патот Куманово - Страцин

20.01.2025 14:10 | KumanovoNews

Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на патните правци Страцин – Куманово и Дебар – Струга.

Поради магла намалена видливост на патот Куманово - Страцин

Од Авто-мото сојузот на Македонија велат дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози,а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk