Поради магла намалена видливост на патот Куманово - Скопје

24.12.2022 09:55 | Сузана Николиќ

Видливоста на патот Куманово-Скопје намалена е од 50 до 60 метри, поради појава на магла.

Поради магла намалена видливост на патот Куманово - Скопје

„Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози. Поради појава на магла, видливоста на патниот правец Тетово – Групчин е намалена на 20 – 30 метри, Куманово – Скопје 50 – 60 метри и Катланово – Велес 50 – 100 метри“, соопштува Авто-мото сојузот на Македонија.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk