Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во штуро соопштение Општина Куманово одговори на обвинувањата од КУД „Панче Пешев“, зошто во сабота ги извисила и ги оставила без превоз играорците, кои имале закажан настап во Радовиш.
Во реакцијата се наведува дека во истиот ден имале 4 барања за користење на општинскиот автобус, но нема објаснување зошто играорците не биле известени за откажување на превозот.
„Општина Куманово секогаш излегува во пресрет на граѓаните во рамките на своите надлежности, без разлика дали тоа се поедници, здруженија или организации. Поради голем број на барања за користење на општинскиот автобус, настана недоразбирање кое во конкретниот случај произлегува од вкупно четири барања за користење на превоз во истиот ден. Во иднина, како и досега ќе продолжиме да ги подржуваме сите граѓани што го афирмираат нашиот град“, - соопштуваат од Општина Куманово.
КУД „Панче Пешев“ побара од Општината да каже зошто не е испочитуван договорот за користење на општинскиот автобус за кој добиле предходна согласност и да обелодени кој одлучил автобусот да се прати на друга линија.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk