Приведени три лица поради тепачка

25.09.2021 18:08 | Сузана Николиќ

Полициски службеници од СВР Куманово, синоќа во 19.30 часот ги лишиле од слобода А.М.(22), В.М.(31) и Б.И.(41), сите од Куманово, затоа што учествувале во меѓусебна физичка пресметка, а Б.И. агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. 

Приведени три лица поради тепачка

На лицата А.М. и В.М. им бил изготвен записник за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, а по целосно документирање на случајот против Б.И. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk