Поради топлотниот бран до среда се ослободени од работа бремените жени и лицата над 60 години

12.08.2024 09:04 | KumanovoNews

Oд Владата Владата соопштија дека одлуката е донесена по информација од Институтот за Јавно здравје и метео-алармот на Управата за хидрометеоролошки работи.

 

Поради топлотниот бран до среда се ослободени од работа бремените жени и лицата над 60 години

Oд Владата Владата соопштија дека одлуката е донесена по информација од Институтот за Јавно здравје и метео-алармот на Управата за хидрометеоролошки работи.

Во истиот период, од Владата вели дека  работодавачите треба да ги реорганизираат работните активности на градежните работници и на работниците кои работат на отворено, со тоа што ќе се избегне вршење градежни и други работни активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот.

„Во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот. Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници“, се вели во владиното соопштение.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk