Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Здружението за лица со интелектуална попреченост „Порака наша“ денеска потпиша меморандум за соработка со основното училиште „Кочо Рацин“.
Во наредниот период ќе работат на инклузивно образование, така што секогаш кога има потреба ученици од “Кочо Рацин“ ќе ги посетуваат лицата во “Порака наша“, а дефектологот од “Порака наша“ ќе може да работи со децата со посебни образовни потреби во училиштето.
Имаме добра соработка со повеќе училишта. Со оние со кои сме сакале да соработуваме ни излегле во пресрет. Досега соработуваме со ученици од медицинска струка од “Наце Буѓони“ и од Гимназија ни помагаат“- рече Милован Видановиќ, претседател на “Порака наша“.
Лидија Пешевска, директорката на “Кочо Рацин“ вели дека меморандумот се потпишува на општо задоволство и се надева на успешна соработка.
“Имаме план, имаме програма. И тие ќе доаѓаат кај нас и ќе ни даваат помош за инклузивно образование и тука ќе доаѓаат ученици да пружат помош, во секој момент онаму каде имаат потреба од нас. Ќе бидеме на располагање за соработка секогаш“ - кажа Пешевска.
Дефектологот Марија Цакиќ вели дека во последните 2-3 години се зголемува бројот на деца со попреченост и тие се вклучени во инклузивен процес.
“Со разновидни активности да се максимализираат потенцијалите кај детето и способности. Успешно да се вклучи во воспитно- образовниот процес и социјалната инклузија. Во “Кочо Рацин“ се инклузирани повеќе деца со посебни образовни потреби, меѓутоа дефектологот е од круцијално значење, но не е вклучен во овој процес. Преку оваа соработка ние ќе се потрудиме да дадеме поддршка“- изјави Цакиќ.
Таа вели дека ќе дадат сè од себе за да им помогнат на овие деца, а во иднина се надева дека ќе има дефектолог и проблемот ќе биде надминат.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk