„Порака Наша“ слави 10. роденден

06.12.2016 15:01 | KumanovoNews

Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години „Порака Наша“ денеска одбележува десет години постоење и успешна работа.

„Порака Наша“ слави 10. роденден

 По повод големиот јубилеј беше изведена претставата „Ленче кумановче„ а беа додели и признанија на институции и поединци кои во изминатите години ја помагаа работата на центарот.

„  Токму на овој ден пред 10 години дневниот центар „Порака наша„ стана самостојна сервисна служба, која згрижува 21 корисник со интелектуална попреченост. Можам да кажам дека во изминатите години направивме голем напредок во однос на развивањето на  работноспособните и социјални вештини, па дури и зајакнување на економските капацитети. Ние работиме според програма која постојано се менува евалуира, а крајна цел е корисниците да имаат самостоен и независен живот во своето семејства, - изјави Мартина Костовска, психолог во „Порака наша„.

Со корисниците на „Порака наша„ работи стручен тим од психолог,  дефектолог, социјален работник и педагог, секој ден од 7 до 16.30 часот.

На подрачјето на Куманово, Липково и Старо Нагоричане има околу 900 лица со пречки во развојот. Моментно во општината работат само два дневни центри за лица со пореченост.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk