Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Дневниот центар за лица со интелектуелана попреченост Порака Наша се приклучи кон иницијативата за собирање потписи за подршка на лицата со посебни потреби.
„Пунктот ќе биде поставен во просториите на Дневниот центар на ул. Бајрам Шабани бб (тел. 031/412-320). Истовремено за сите тие што нема да бидат во можност да дојдат лично во центарот, ќе бидат ангажирани мобилни тимови на волонтери, на различни локации во градот. Собирањето на потписи ќе трае од 25-28 Април, од 09:00 часот 17:00 часот. Ги повикуваме сите наши сограѓани, активисти, политичари да се приклучат кон оваа иницијатива за која доволно е да го ставите вашиот потпис! ЕДЕН ПОТПИС- ЕДЕН ЧЕКОР ПОБЛИСКУ ДО ЦЕЛТА!, - соопштуваат од Порака Наша.
Собирањето на потписи е граѓанска иницијатива под мотото ”5 до 12”, покрената од родителите на децата со посебни потреби зараи поднесување иницијатива до Собранието за измена на одредени закони за подобра здравствена и социјална заштита на лицата со посебни потреби.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk