Поранешен директор на Шумско злоупотребил функција

28.02.2011 12:44 | KumanovoNews

СВР Куманово поднесе кривична пријава против В.С. (60) од с.Оризаре-Куманово,  поранешен директор на подружница ШС „Куманово“ за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Поранешен директор на Шумско злоупотребил функција

Во 2008 година, пријавениот, спротивно на чл.42 од Правилникот за материјално финансиско работење на претпријатието, во повеќе наврати одобрил трошење на дел од приходите од дневениот пазар, во износ од 8.832.707 денари, за разни тековни потреби, кои средства требало да ги внесе на сметката на претпријатието.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk