Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Поранешна вработена во угостителски објект уценувала газда да и исплати 5.000 евра или ќе објави снимки на социјалните мрежи за неговата работа.
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Б.Т. (40) и М.Д. (43), двајцата од Куманово, поради сомнение за сторено кривично дело „уцена“.
Како што информира МВР, првопријавената, која претходно работела во угостителскиот објект, на 7 февруари годинава му се заканила на сопственикот дека ќе објави фотографии како наводен доказ за несоодветно ракување со храна, со цел да му нанесе штета и да создаде негативна слика за објектот.
Во пријавата се наведува дека во извршувањето на делото ѝ помагал второпријавениот.
Од полицијата информираат дека против двете лица е поднесена соодветна пријава и се работи на расчистување на случајот.
2008 - 2026 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk