Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Триесетина поранешни вработени во Тутунскиот комбинат “Боро Петрушевски-Папучар“ денеска протестираа пред фабриката барајќи да се реши нивниот статус.
Работниците велат дека од 2004 година па се до март 2013 година се воделе како вработени, а не земале ниту плата, ниту им се платени придонеси за овој период. Бараат од Владата да изнајадат решение за нивниот проблем.
Бараме од Владата да не примат и да ни кажат што ќе биде со нас. Останавме за никаде. Десет години стаж немам. Во книшката ми пишува 29 години, а имам само 20 години. Зошто да не ни го платат стажот? Ние не сме виновни. Зошто веднаш не ни дадоа отказ кога престана со работа комбинатот - изјави Олгица Димковиќ, стечајка од Монопол.
Лилјана Стефановска вели дека се работи за околу 35 стечајци од фабриката, за кои е неопходно да се реши статусот бидејќи се луѓе во години и немаат од што да живеат.
Пред работниците излезе стечајниот управник, Зоран Денковски кој објасни дека два пати на продажба не се јавил купувал за Монопол.
Имаше многу заинтересирани, доаѓаа, гледаа, презентиравме на сите, но најверојатно цената е во прашање. Проценета вредност на комбинатот е 12.300.000 евра. За таа цена никој не се јави од заинтересираните понудувачи. Имаше заинтересирани понудувачи од Полска, од Бугарија, Турција, Чешка, но нема ништо. Конкретно додека нема уплата на депозит за учество на електронска аукција нема ни да учествуваат - рече Денковски.
Тој вели дека од судот зависи дали ќе има уште една продажба, но само ако има сериозен понудувач. Комбинатот на продажба беше понуден во јули и во септември годинава.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk