Порибена Пчиња со 30 килограми пастрмка

21.12.2015 16:45 | KumanovoNews

Спортското риболовно друштво „Пчиња“ денеска ја пориби река Пчиња кај село Шупли Камен со 30 килограми македонска пастрмка.

Порибена Пчиња со 30 килограми пастрмка

Ова е втора акција за порибување месецов.

Порибувањето се прави за да се зајакне и обнови рибниот фонд. Минатиот пат во почеток на декември  порибивме во село Пчиња со 50 килограми крап - вели Роберт Лазаревски, претседател на „Пчиња“.

Порибувања согласно годишната програма за работа ќе има и во 2016 година.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk