Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Силен дожд проследен со грмежи го зафати Куманово. Невремето започна во 13 часот, а дождот паѓаше триесетина минути со несмален интензитет.
Од УХМР најуваат дека времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, особено повеќе врнежи се очекуваат во јужните и западните делови на земјава каде се очекува да наврнат над 25 л/м2 воден талог.
Ќе дува умерен повремено засилен северен ветер. Минималните температури ќе се дивжат од 7 до 14 степени, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 19 до 25 степени целзиусови.
Утре ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и ретки грмежи. Од четврток се очекува повторно стабилизирање и извесно затоплување на времето.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk