Пороен дожд и грмежи до крајот на денот

14.06.2018 10:03 | KumanovoNews

 Времето денеска е променливо облачно со сончеви периоди. Ќе има и повремени врнежи од дожд, кои околу пладне и попладне ќе бидат поројни и проследени со грмежи.

Пороен дожд и грмежи до крајот на денот

Во источните делови на државата локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилни врнежи, засилен ветер и услови за појава на град. Максимална температура од 25 до 33 степени. УВ=8

Во Скопската котлина во попладневните часови ќе има локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максимална температура до 30 степени.

Утре во текот на целиот ден времето ќе биде пооблачно со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи, а се очекува да наврне и поголема количина на воден талог.

Потоа во следните денови ќе има повремен пороен дожд и грмежи, особено во попладневните часови.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk