Пороен дожд во Куманово

25.07.2016 13:43 | KumanovoNews

Силен дожд проследен со ветер и електрични празнења го зафати Куманово по 15 часот.

Пороен дожд во Куманово

 Невремето траеше кратко, по што ветрот се смири, а продолжи да паѓа пороен дожд повеќе од половина час. Улиците во централното градско подрачје беа поплавени од големите количини на вода.

Метеоролозите најавија дека времето претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а во попладневните часови нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Не е исклучена и ретка појава на невреме со град. Температурите од 12 до 20, а макс. од 28 до 36 степени.

Во вторник ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со врнежи од дожд и грмежи, особено во првата половина од денот во западните делови, каде се очекува да наврнат над 25л/м2. Дневната температура ќе се движи од 24 до 32 степена. Од среда ќе биде претежно стабилно со постепен пораст на температурата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk